Надлежните не реагираат: Низ Скопје се трујат кучиња за време на полицискиот час (фото)

од Берта Китинска

Здруженијата за заштита на животни переку социјалните мрежи апелираат, да престанат да се трујат животните низ градот.

-Мора да реагирсме СИТЕ доста гледаме како зад параван на вирус некој прави што сака, а сите гледаме дека нешто е труло .ОТРУЕНО ВО ЛИСИЧЕ ПРЕД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА, по незнам кој пат на оваа локација па пред носот ви е како може да не мрднете со мал прст, дали конечно ќе стане полицијата надлежна за тоа што и е работа и за тоа за кое ние граѓаните ја плаќаме или и понатака ќе забранува активисти да се грижат за уличните кучиња а ќе ги охрабрува трујачите да ги хранат. ДО КОГА, на истата локација ова е второ труење во два месеци, ДО КОГА ЌЕ ЧЕКАТЕ ДА СЕ ОТРУЕ ДЕТЕ? Пријавувајте, веќе знаеме и други локации каде е поставен отров, за ова ли го користеше полицијата карантин викендот, пишува во соопштението на кое денеска го споделија здруженијата за заштита на животни.

Слични содржини