НАЈАВА ЗА ИМПИЧМЕНТ НА БАЈДЕН: Новиот претседател на САД сè уште не ја презеде функцијата, а веќе сакаат да го сменат (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Конгресменката од Џорџија, Марџори Тејлор Грин вети дека ќе започне постапка за импичмент против Џо Бајден на самиот почеток на неговиот прв мандат во Белата куќа, копирајќи го потегот на демократите кои го сторија тоа кон американскиот претседател во заминување Доналд Трамп.

Таа рече дека ќе се залага за импичмент следниот ден по инаугурацијата на Бајден на 20 јануари, додавајќи дека е горда што е гласот на републиканските гласачи, кој е игнориран.

„Би сакала да објавам во име на американскиот народ, мора да бидеме сигурни дека нашите лидери се однесуваат одговорно и затоа ќе поднесам член за отповикување на Џо Бајден на 21 јануари“, изјавила конгресменката за „Њузмакс“.

„Не можеме да имаме претседател на САД кој е подготвен да ја злоупотреби моќта на претседателството и лесно да биде поткупен од странски влади, кинески и украински компании“, додала таа.

Тејлор Грин не наведе врз основа на што ќе се обиде да спроведе импичмент, но осврнувајќи се на обвинувањата за корупција на Бајден и неговиот син Хантер, кои и претходеа на неговата победа на изборите во 2020 година, таа предвидува дека новиот претседател ќе ја злоупотреби моќта на претседателството.

Иако повеќето импичменти во историјата на САД се однесуваа на наводни злосторства извршени додека биле на функција, ретко кои биле повикувани на лошо однесување пред да дојдат на власт, наведува Конгресната истражна служба.

И покрај сомнителните шанси за успех, заканата од отповикување на Марџори Тејлор Грин е многу слична на напорот на демократите за време на раните месеци на владеењето на Трамп.

Слични содржини