Најбогатите и најсиромашните според хороскопот: Како ги троши парите секој знак?

од Stefanija Kuzmanovska

Нова студија ги откри навиките за трошење на различните хороскопски знаци – во кој знак се раѓаат најбогатите, кој троши најмногу, а кој секогаш доцни со плаќање кирија и други сметки!

На врвот на листата на најбогати, составена од австралиската веб-страница „Фајндер“, се најдоа родените во знакот Водолија, потоа Вагата, а на трето место се Раковите, со три пати помалку богатство од знакот број еден. Биковите се најштедливи кога се гледа сумата пари која ја оставаат „на страна“ секој месец, додека Близнаците се најподготвени на жртви бидејќи успеваат да стават повеќе од четвртина од приходите „во касичка“.

Лавовите и Раковите станаа познати во онлајн купувањето. Девиците најмногу се грижат за парите, додека Вагите можат да се пофалат со највисоки плати. Изненадувачки, тие секогаш се борат да ја платат киријата и другите сметки.

Во краток преглед на сите знаци се издвојува следново: Овните обично немаат заштеда, а најмногу трошат на намирници. Биковите се многу задоволни со парите и штедат многу, Близнаците случајно доцнат со киријата. Лавот не може да одолее на шопинг, Девицата има мал буџет, а Вагите имаат многу, но сепак не ги плаќаат сметките. Скорпијата не може многу да заштеди, а Стрелецот има многу среќа со финансиите и секогаш успева навреме да ги исплати сите заеми.

Јарецот има најмали заштеди, а Водолијата најголема, додека Рибите се добри со пари и се штедливи, особено во онлајн купувањето.

Слични содржини