Најчевска: Кој е тој потрошувачки менталитет што луѓето не можат да издржат еден ден без продавници?

од Берта Китинска

Од 1 јануари на сила стапи законот за недела ден за неделен одмор.

Тој се однесува за 92 отсто од работниците, додека останатите осум отсто се работниците кои ќе работат во недела односно работниците во дејностите во кои не може да се прекине работниот процес.

Покрај ограничувањето за работа во недела во трговијата на големо и мало, ограничено е и работењето во празник што значи дека веќе ниту еден работодавач (освен во утврдени исклучоци) покрај тоа што нема да смее да работи во недела нема да смее да работи ни во празник.

Професорката Мирјана Најчевска даде свој коментар поврзан за новиот закон и потрошувачкиот менталитет во земјава.

-Навистина не ми е јасно кој е тој фазон што луѓето не можат да издржат еден ден без продавници.Кој е тој порив цело време да мора да се купува.Ништо попаметно не знаат да прават? Немаат друга забава?Не можат да испланираат за еден ден храна?Кој е тој потрошувачки менталитет, пишува професорката.

Слични содржини