Најдолгите патики во светот на Адидас, реакциите на социјалните мрежи непроценливи (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Спортската марка „Адидас“ го претстави најновиот модел на патики Adidas Originals Superstar, кои привлекоа неверојатно внимание поради својата необична должина.

Патиките се дизајнирани од естонскиот рапер Томи Кеш и се долги еден метар. Ова се и најдолгите патики направени досега. Друга невообичаена работа во врска со овој ексцентричен пар патики е тоа што едната патика е црна, а другата е бела.

Во објава на Инстаграм, пејачот откри дека кога за првпат му кажал на „Адидас“ дека сака да ги направи најдолгите патики во светот како дел од нивната соработка, тие биле доста скептични, но сепак дошло до соработка.

Резултатот е многу ограничена серија патики кои наликуваат на чевли од кловн, а реакциите на луѓето на социјалните мрежи се непроценливи.

Слични содржини