Најмладата добитничка на лотарија живее од социјална помош: „Спискала“ се на гради, дрога и забави!

од Vladimir Zorba

На најмладиот добитник на лотарија во Велика Британија, Кали Роџерс (33), и се заканува казна откако под дејство на кокаин, во сообраќајна несреќа го удрила својот автомобил со своето момче, а потоа избегала.

Мајката на четири деца во моментов живее од социјална помош откако потроши 1,8 милиони фунти што ги освои во 2003 година, кога имаше 16 години.

Ги потрошила парите на голем број забави, три пластични операции на градите и дрога. Таа потрошила нешто повеќе од 300.000 фунти на дизајнерска облека и дел од парите ги дала на семејството и пријателите, но и на привремени партнери.

Роџерс претходно за британските медиуми изјави дека добивката ја одвела во очај. Таа била мета на лажни пријатели и партнери, и била жртва на напад неколку пати. Пред три години таа рече дека стравува за својот живот откако две жени ја нападнале на излезот. По нападот, ја нашле во локва крв, имала неколку скршени ребра и уништени заби, а видот и бил трајно оштетен.

Медиумите често апелираат на подигнување на возрасната граница и лотаријата да им биде дозволена само на оние над 18 години.

– Имав само 16 години и целата таа одговорност. Може да го добиете најдобриот совет на таа возраст, но не сте во можност да го послушате. Бев премногу млада и преку ноќ од безгрижно дете станав возрасна – рече таа, пренесува „Сан“.

Слични содржини