Најмладата пациентка од дневниот црн биланс на Ковид 19, имала претходни коморбитети

Во денешниот дневен биланс на починати како последица од Ковид 19, се најде и 30. годишна пациентка, која како што известуваат од ИЈЗ имала и претходни коморбитети.

Пациентката починала во болнички услови, во рамки на ГОБ 8.септември.

Исто така, како што информираат од ГОБ 8.септември, пациентката имала висок крвен притисок и создадена пневмонија, покрај дијабетисот од кого боледувала.

Пациентката била примена во болнички услови на 2. декември, а рано утрово починала.

Слични содржини