Најромантични места ширум светот каде најлесно може да се вљубите

од desk2
136 прегледи

Париз, Санторини и Венеција се прогласени за најромантични места на светот, во рамките на анкетата која ја направија издавачите на романтичната новела „Mills and Boon“.

Учесниците ги споделуваа своите искуства и гласаа за местата, во кои најлесно можете да се заљубите.

Париз се најде на првото место, меѓутоа тоа и не е некое изненадување, во однос на тоа дека тој и онака е познат како градот на љубовта, а Ајфеловата кула е најпознатата туристичка атракција, каде најчесто се случуваат запросувањата.

Грчкиот остров, Санторини, се најде на второто место со своите идилични плажи и прекрасни градби, кои го прават многу популарна локација за поминување на меден месец.

Третопласираната Венеција, е место во кое паровите уживаат додека се возат со гондоли низ градскиот канал.

На листата се наоѓаат 20 најромантични локации ширум светот, а помеѓу нив влегуваат Занзибар, Бора Бора, Галапагос и Таџ Махал.

Топ 20 најромантични места во светот:

1. Париз, Франција

2. Санторини, Грција

3. Венеција, Италија

4. Брегот Амалфи, Италија

5. Мауи, Хаваи

6. Бриж, Белгија

7. Бора Бора, Тахити

8. Киркјуфел, Исланд

9. Островот Церф, Сејшели

10. Островите Гили, Бали

11. Санкт Петербург, Русија

12. Агра и Таџ Махал, Индија

13. Мохера, Ирска

14. Амстердам, Холандија

15. Галапагос, Еквадор

16. Островите Whitsunday, Австралија

17. Big Sur, Калифорнија

18. Сан Франциско, САД

19. Фуџи, Јапонија

20. Занзибар, Танзанија