Најшокантната снимка од конфликтот во Нагорно Карабах: На дете му вадат шрапнел од глава додека неутешно плаче (видео)

од Nikola Popovski

Континуираните борби меѓу Ерменија и Азербејџан околу Нагорно Карабах траат повеќе од седум дена. Засега не е познато колку точно луѓе загинале во конфликтот што влезе во 9-тиот ден, но се стравува дека се убиени десетици цивили, вклучително и деца.

Во Степанекерт, главниот град на Нагорно Карабах, од утрово одекнуваат експлозии. За жал, гранатирани се и други градови во Ерменија и Азербејџан, а во судирите меѓу двете страни повредени се и повеќе деца. Денес, Азербејџан објави видео од момче кое било рането кога шрапнел од експлозивна направа, наводно фрлен од ерменска страна, го погодило  во главата.

Лекарите ги извадиле шрапнелите, а потоа ја зашиле раната веднаш над увото. Момчето, кое неутешно плаче на видеото, наводно било погодено во неговиот дом во градот Гања, вториот по големина град во Азербејџан.

Според официјалните извештаи од Баку и Ереван, од азербејџанската страна се убиени 27 цивили од почетокот на конфликтот за Нагорно Карабах, а 19 од ерменската страна.

Слични содржини