Најследен лет во историјата: Летот на авионот со ковчегот на кралицата го следеле повеќе од пет милиони луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Повеќе од пет милиони луѓе го следеа последниот лет на кралицата Елизабета Втора, чиј ковчег со нејзините останки беше пренесен од Единбург во Лондон, што е најголем број во историјата, објави сајтот за следење на воздушниот сообраќај „Флајрадар 24“.

Сајтот на кој можете да ги следите летовите на авионите низ светот, „Флајрадар 24“, објави дека 4,79 милиони луѓе вчера го следеле овој лет на Интернет, а уште 250.000 од нив го следеле летот преку платформата Јутјуб, пренесува „Ројтерс“.

Кралицата Елизабета Втора почина во Балморал, Шкотска на 8 септември, а нејзиниот погреб ќе се одржи на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон.

Слични содржини