Намирници богати со витамин Е

од Stefanija Kuzmanovska

Витаминот Е е познат по своето антиоксидантно дејство, кое го ослободува организмот од штетното влијание на слободните радикали од надворешната средина.

Исто така, има извонреден ефект врз имунолошкиот систем, клеточните функции и здравјето на кожата. Покрај тоа, експертите веруваат дека витаминот Е и плодноста се директно поврзани, бидејќи витаминот Е игра важна улога во процесот на созревање на спермата.

Бидејќи нашето тело не произведува витамин Е, единствениот начин да го добиеме е преку храна и суплементи.

Храната богата со витамин Е е составен дел од менито на поголемиот дел од човечката популација, а ова се првите четири намирници кои се богати со овој витамин:

1. Авокадо

Авокадото содржи голем број на хранливи материи, вклучувајќи дури 20 различни витамини и минерали. Содржи и мала количина на магнезиум, манган, бакар, железо, цинк, фосфор и витамини Е, А, Б1, Б2 и Б3.

2. Маслинки

Маслинките имаат две главни компоненти кои помагаат во намалување на брчките и подобрување на здравјето на кожата: витамин Е и олеинска киселина. Витаминот Е е антиоксиданс растворлив во масти и ја штити кожата од оштетување на слободните радикали.

3. Семки од сончоглед

Семките од сончоглед содржат моќни антиоксиданси како витамин Е и селен. Витаминот Е во семките помага во одржување на добра циркулација на крвта, а исто така придонесува за производство на црвени крвни зрнца.

4. Блитва

Блитвата е нискокалоричен зеленчук со висока содржина на магнезиум, железо, калиум и витамини Е, А, Ц и К, а овие темнозелени листови се меѓу многу хранливи состојки во човечката исхрана кои имаат повеќекратни придобивки за нашето здравје.

Слични содржини