Намирници кои го зголемуваат нивото на енергија подобро од кофеинот

од Stefanija Kuzmanovska

Постојат намирници кои можат да го зголеми нивото на енергија подобро од кофеинот. Тие спаѓаат во групата јаглехидрати, а богати се и со влакна.

Овие намирници се варат побавно и обезбедуваат континуиран проток на енергија во телото.

Овие четири намирници ќе ви помогнат да имате енергија во текот на денот:

Пуканки
Пуканките имаат малку калории, масти, шеќер и натриум. Тие се добар антиоксиданс и можат да ја задоволат потребата за енергија.

Пуканките се намирница која ја сакаат повеќето луѓе, а се консумираат сами или во комбинација по желба.

Банани
Бананите се богати со калиум и помагаат да се одржи потребната енергија.

Доколку во исхраната го имате ова вкусно и здраво овошје, вашето мени сте го збогатиле со храна која содржи многу хранливи материи неопходни за нормално функционирање на организмот.

Покрај тоа што позитивно влијае на здравјето, бананата може да послужи како гориво за тренинзи или извор на енергија за извршување на секојдневните задачи.

Путер од кикирики
Ако ви недостасува енергија, путерот од кикирики е идеална намирница за вас. Путерот од кикирики е добар извор на протеини и влакна.

Не го менува нивото на шеќер во крвта и е совршен за губење на килограми. Конзумирање на две супени лажици, два пати неделно може да помогне во процесот на слабеење.

Сладок компир (батат)
Слатките компири или батат се консумираат насекаде низ светот. Богат е со влакна и витамини А и Ц, како и со магнезиум, железо и калиум.

Слаткиот компир иако има сладок вкус, не содржи додаден шеќер.

Слични содржини