Намирници кои треба да ги ИЗБЕГНУВАТЕ кога сте настинати

од Stefanija Kuzmanovska

Некои намирници се дел од нашата секојдневна исхрана и не сме свесни дека претставуваат извесна опасност за нас, особено кога ги јадеме во период кога сме настинати или имаме грип.

Еве за кои намирници станува збор:

Рафинирани шеќери

Диететичарите советуваат дека кога организмот е болен, не треба да се внесуваат шеќери бидејќи го стимулираат воспалителниот процес во телото.

Алкохол

Алкохолот го дехидрира телото, а тоа воопшто не оди во прилог кога сте болни и настинати.

Кофеин

Кофеинот е диуретик и исто како и за алкохолот, така и во овој случај важи дека не ви треба ништо што стимулира зголемено исфрлање на течности од телото. Ако сепак не можете без кафе, обидете се да го ограничите на само една шолја во денот, без додавање млеко.

Солени намирници

Кога имате желудочни тегоби, избегнувајте да јадете солени крекери. Наместо тоа, земете двопек, бидејќи солта го надразнува и болното грло и дигестивниот систем.

Млечни производи

Млечните производи придонесуваат за згустување на секретот и негово потешко исфрлање од организмот.

Слични содржини