Намирници кои треба да ги консумирате на празен стомак за да го зајакнете имунитетот

од Stefanija Kuzmanovska

Консумирање на некои едноставни намирници може да направи чуда за имунитетот. Но, некои од нив е подобро кога се консумираат на празен стомак затоа што тогаш вашиот дигестивен систем не е оптоварен со други дигестивни должности. Ова ви помага да ги искористите максималните придобивки.

Еве три намирници кои можете да ги јадете на празен стомак за да го зајакнете имунитетот:

Лук

Лукот има антибиотски и антибактериски својства. Може да ви помогне природно да се одбраните од инфекции. И не само тоа. Исто така, може да помогне во регулирање на нивото на шеќер во крвта, да го подобри здравјето на срцето и да помогне во лекување на други проблеми поврзани со белите дробови. Вклучувањето лук во вашата утринска рутина може да ве оддалечи од разни заболувања.

Амла, индиско грозје

Амла, исто така наречена индиско грозје, е преполна со витамин Ц и е одлична за вашиот имунитет. Богата е и со антиоксиданти, кои го подобруваат нашето здравје кога се консумира на празен стомак.

Мед

Многумина веруваат дека една лажичка мед со топла вода на празен стомак прави чуда за слабеење, кожа и имунитет. Можете да додадете лимон во мешавината на вода и мед, што ќе го промени вкусот, но исто така ќе додадете и хранливи материи. Овој пијалок е полн со антиоксиданси и помага во борбата против слободните радикали во организмот, пишува „Times Of India“.

Слични содржини