НАПАЃАЧОТ ОД КАПИТОЛ страдал од ПСИХОЗА и ПАРАНОЈА: „Алах ме избра за други работи“

од Vladimir Zorba

Напаѓачот, кој во петокот удри со својот автомобил ја проби барикадата и уби еден полицаец близу Капитол, а потоа беше убиен од полицијата, страдал од психоза, бил параноичен и самоубиствен.

Во извештајот на АП се наведува дека 25-годишниот Ноа Грин удрил во барикадата и излегол вооружен со нож од автомобилот, и така тргнал кон двајца полицајци, кои го застрелале и го раниле, по што подоцна починал во болницата.

Американските медиуми во петокот објавија дека напаѓачот бил следбеник на групата „Исламска нација“, но полицијата не ја потврди таа информација, иако „Њујорк пост“ објави дека Ноа Грин се опишал на Фејсбук како следбеник на лидерот од таа група, Луис Фарахан.

Во текстот на весникот се вели дека Грин, судејќи според она што го објавувал на Фејсбук, поминал низ тежок период пред да му биде укината сметката.

Истрагата се повеќе е насочена кон менталното здравје на Грин, откако таа се обидува да утврди мотив за нападот што го извршил и е во контакт со неговото семејство.

Слични содржини