На Марс на површината некогаш постоел океан, кој бил поголем отколку што претпоставувале научниците, соопшти официјално НАСА.

 

Експертите пресметале дека таму имало вода, повеќе отколку што во моментов се содржи воСеверниот леден океан – Арктичкиот океан на Земјата.
Овој факт е главен доказ дека постоел живот на Црвената планета. “Пред 4,3 милијарди години на Марс имало многу вода, толку што таа била распределена врз целата планета, а требало да има длабочина 137 метри”, вели Роберт Годар то Geronimo од вселенската агенција.

Океанот е многу подлабок и се наоѓал во северната хемисфера на планетата на 19% од нејзината површина. За постоењето на океанот научниците сфатија уште во 2011 година, кога за прв пат беше анализиран составот на површинскиот слој на почвата на Марс почва, но дури сега стануваат јасни размерите на водното пространство.

Во 2016 година НАСА планира да ја прошири програмата за изучување на Марс и да испрати уште еден марсоход на планетата. Проектот ќе чини 425 милиони долари и ќе бара одговор на праѓшањето како точно се формирала планетата.

Слични содржини