Наскоро продолжение на серијата „How I Met Your Mother“

од Stefanija Kuzmanovska

Серијата „How I Met Your Mother“ наскоро ќе го добие продолжението „ How I Met Your Father“, чија продукција ќе ја потпише „Хулу“, пишува „Варајети“.

Актерката Хилари Даф ќе ја толкува улогата на мајка во новото продолжение на серијата, а концептот на серијата е замислен на таков начин што Софи му раскажува на својот син за тоа како го запознала неговиот татко.

Приказната започнува во 2021 година, а првите сцени ќе покажат како Софи разговара со група пријатели за тоа што сакаат да постигнат во животот и како сакаат да се вљубат и да го пронајдат идеалниот партнер во време кога апликации како Тиндер се користат за запознавање.

Сè уште не е познато како продолжението на серијата ќе биде поврзано со првите девет сезони.

„Имав среќа да добијам одлични улоги од почетокот на мојата кариера и едвај чекам да ја преземам улогата на Софи. Јас сум голем обожавател на оваа серија и мило ми е што ми ја доверија шансата да учествувам во снимањето на продолжението“, изјави Даф.

Слични содржини