„Натрапник“ на натпреварот Франција-Германија: Не се памети ваков пад досега (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Неверојатна сцена пред почетокот на натпреварот помеѓу Франција и Германија, откако „натрапник“ со падобран слета на теренот!

Сите чекаа крај на првата рунда на Европското за да го видат дербито помеѓу Германија и Франција, а натпреварот за малку ќе доцнеше поради падобранец!

И со право, бидејќи сè уште неименуваниот активист ја искористи можноста да скокне со падобран на „Алијанц арена“ во Минхен и со тоа да испрати порака до целиот свет.

Тој имаше порака на жолтиот падобран против загадувањето со нафта во светот, упатена од добро познатата организација „Гринпис“, која со децении се бори за еколошки проблеми во светот.

Слични содржини