Научниците од Харвард: Горештините стануваат масовниот убиец

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Летните горештини се so силен удар по здравјето на постарите,  луѓе со болести на кардиоваскуларниот и респираторниот систем, што често дури доведува до фатален исход.

горештиниСо оглед на тоа  што  продолжува глобалното затоплување, топлите денови ќе стануваат се повеќе и ќе се зголемуваат случаите на смрт. Дури неодамна научниците од Универзитетот Харвард открија дека како резултат на зголемувањето на температурите во регионите со умерена клима луѓето почесто ќе гинат од жештина и скокови на живата. Неодамна стручњаците се надеваа дека покачувањето на степенот и ефектите од него ќе се компензираат од потоплите зими кои возрасните и болните ќе ги поднесуваат полесно. Излегува дека, сепак, тоа не е точно така. Научниците од Универзитетот Харвард ги анализирале податоците од смртта на 3 милиони жители .

Тоа биле луѓе на возраст над 65 години во 2000-2008 година во Нова Англија (северозападниот дел на САД), пишува: Монитор “. Тие пресметале дека покачувањето на летните температури со 1 ° C ќе убива со 1% повеќе луѓе, додека аналогно зголемување на зимските температури ќе спаси животот само на 0,6%. Но тоа уште не е најлошото. Како резултат на глобалното затоплување се зголемуваат скокови во температурите, кога во текот на неколку дена температурата на воздухот подрипнув ту нагоре, ту надолу.

Не е важно дали тоа се случува во зима или лето – болните луѓе тоа  го доживуваат сериозно. Според оценката на научниците во блиска иднина од тоа може да почнат да умираат повеќе луѓе отколку од СИДА. Смртноста од скокови во температурите може да стане споредлива со смртноста од рак на црниот дроб, кој само во САД годишно убива 25 000 луѓе. Излегува дека луѓето можат физички да се прилагодат кон климатските услови, но кога температурата “скокаат” ту нагоре, ту надолу, организмот едноставно не успева да се приспособи. “Поради тоа екипата на Универзитетот Харвард има намера да ја изучи и динамиката на причините за смртноста кај жителите на југот на САД, кои теоретски подобро би требало да поднесуваат горештини.

Во исто време неодамнешен  извештај покажа дека поради глобалното затоплување се зголемија и поројните дождови. Тоа се забележува од 1980 година наваму, што е најчуствително  во Југоисточна Азија.

Зголемувањето на емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот, се главна причина за климатските екстреми од големи горештини до подолги врнежи.Топлиот воздух апсорбира повеќе влага, која потоа се ослободува во форма на поројни дождови. Постои јасна тенденција на пораст на овие невидени опасности.Всушност 2010 година беше со најмногу рекордни дождови низ целиот свет. Само во поплавите во Пакистан, кои се најлоши во историјата на земјата, загинаа повеќе од 2.000 луѓе и околу 18 милиони беа погодени.