Научниците ги урнаа надежите дека е откриена нова елементарна честичка

од desk3

Надежите дека е откриена нова елементарна честичка, паднаа за време на научна конференција во Чикаго, соопштија американските медиуми и Франс прес. Тие беа предизвикани од големи количини на податоци поврзани со експерименти со најголемиот акцелератор на честички во светот.

cesticki

Анализата на податоците, извршени во декември лани, сепак потврдија дека флуктуациите, откриени од два работни тимови кои работеле одделно еден од друг, се статистички, и не се знак за постоење на нова елементарна честичка, се вели во соопштението на ЦЕРН.

“Во пракса не најдовме ништо”, рече Тицијан Кампорези од ЦЕРН.

Во Големиот јадрен колајдер на ЦЕРН научници вршат судири со огромна брзина помеѓу честички, за да се обидат да откријат нови “тули” на материјата.
Во 2012 година Големиот јадрен колајдер овозможи да се потврди постоењето на Хигс бозонот.

Слични содржини