Научниците нашле нов орган што се протега низ цело тело

од desk2

 

Покрај тоа што човештвото ја проучува човечката анатомија веќе неколку илјади години, научниците се уште откриваат нови тајни од човечкиот организам.

Истражувачите од Медицинскиот центар Лангон во Њујорк идентификуваа нов вид орган кој можеби е најголем во телото.

Се испостави дека она, што некогаш се сметало за густо сврзно ткиво кое се протега низ целиот човечки организам, поточно мрежа од комори исполнети со течност, кои служат како некој вид „амортизери„, односно орган за ублажување на удари, пишува „Daily Mail“.

Ова откритие, не само што може да ни овозможи подобро разбирање на човековото тело туку и да даде одговор на прашањето зошто канцерот побрзо се шири кога ќе достигн до одредени делови од телото.

Наречен интерстициум, овој орган се однесува како да е единствено место на проток на течности кои се простираат по површинскиот дел од телото, преку дигестивниот тракт, градите и уринарниот систем, до крвните садови и мускулите.

Повеќе од половина од течностите во човековото тело се наоѓа во келиите, седмина се наоѓа во срцето, крвните садови, лимфните жлезди и лимфните чворови, а пресотанатиот дел ја чинат интерстицијската меѓукелиска течност.

Научниците тврдат дека меѓукелиската течност ја пренесува токму интерстициумот, кој е засебен орган, пренесе B92.

Се состои од силни колагени и флексибилни еластинско протеини на сврзно ткиво, со интерстициска течност која се движи низ целото тело.

Течноста од интерстициумот истекува во лимфниот систем и се смета дека е извор на лимфа, која игра клучна улога во имунолошкиот ситем.

Слични содржини