Научниците тврдат: Обилен појадок е клучот за слабеење

од desk2

Израелски научници испитувале 11 жени и 18 мажи, заболени од дијабетес тип 2, кои имаат проблеми со дебелината. Пациентите, на просечна старост од 69 години, земале инсулин.

Пациентите биле поделени во две групи. Првата консумирала обилен појадок, не преголем ручек и многу помалку храна за вечера. Другата група, во текот на денот, имала шест мали оброци. Кај учесниците во истражувањето биле забележувани вредностите на глукоза и промените во тежината.

Првата група во текот на испитувањата, во просек, загубила околу пет килограми, додека во другата група тој просек изнесувал само 1,5 килограми. Гладот и желбата за храна се намалиле кај првата група, додека кај другата група се зголемиле.

Членовите на групата, кои јаделе сериозен, високоенергетски, појадок, имале значително помала потреба за инсулин, додека членовите на другата група морале да земаат повеќе инсулин од претходно.

Резултатите од истражувањето, претставени на овогодинешниот собир на Ендокринолошкото друштво во Чикаго, сугерираат на тоа дека вистинското време на земање на храна и фреквенцијата на оброкот, можат да имаат многу важна улога во контролата на тежината за дијабетичарите.

Клиничкиот нутриционист доктор Дејвид Фридман, вели дека обилен појадок, после кој во текот на денот следуваат два помали оброци, може да помогне при слабеење.

На луѓето кои се трудат да загубат килограми, тој им советува да избегнуваат бело брашно и рафинирани шеќери рано наутро.

Наместо тоа тој предлага храна која ќе ве засити, како јајца, спањак, авокадо, органска овесна каша, дури и палачинки од интегрално брашно.

Слични содржини