Наумовски: Пред изборите во Бугарија тешко е да се каже дека можеме да направиме суштински напредок

Во своето гостување во 24 отворено, екс амбасадорот во САД на С.Македонија, Васко Наумовски, ги прокоментира преговорите со Бугарија и посочи што смета дека всушност е главниот проблем. Исто така, тој вели и дека моделот со именување на специјален претставник на Владата, што во случајот е Владо Бучковски, ќе даде свои резултати.

„Треба да се направат чекори за добра атмосфера во решавањето на спорните прашања. Бугарската страна, овојпат споменува и други области кои засега не претставуваат проблем. Проблемот е очигледен и се работи за историјата, поконкретно за промената во учебниците по историја. Подобро е додека трае предизборниот процес во Бугарија, ние да се фокусираме на решавањето на дел од работите, а по изборниот процес кај нашиот сосед, политичарите да седнат и преговараат. Овој модел кој вклучува специјален претставник на Владата за преговорите, се користи за да се направи напредок во суштинските преговори. Морам да заклучам, дека недостаток е и се уште немањето именуван амбасадор во Софиј. Пред изборите, тешко е да се каже дека можеме да направиме суштински напредок, но по формирањето на Владата таму, би требало да се оддржи таа меѓувладина конференција“, посочи Наумовски.

Слични содржини