Науновски: Хан кажа дека Мицкоски му ветил дека нема да го попречува процесот на промена на името, тој тука зборуваше нешто друго

Во своето гостување во 24 анализа, професорот и политички аналитичар, Тони Науновски посочи дека луѓето од Иницијативниот одбор имаат легитимитет и истакна дека Мицкоски оддамна веќе и бега на идеологијата на која се темели ВМРО ДПМНЕ.

„Мицкоски посочи дека ако загуби ќе се повлече од функцијата и тоа не го стори. Тој нема перформанси што ги задоволуваат потребите за лидер на ВМРО ДПМНЕ, и во последно време се оддалечи од идеологијата на партијата. Хан посочи и дека Мицкоски му ветил дека нема да го попречува процесот за промена на името, додека тука не убедуваше дека е против промена на уставното име. Луѓето од Иницијативниот одбор имаат апсолутен легитимитет, факт е дека сите се важни за партијата штом се избрани како делегати, Оттаму, таму има навистина имиња за почит“, истакна Науновски.

Слични содржини