Навални: Бев отруен затоа што во мене гледаа закана пред изборите

од Nikola Popovski

Најголемиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, изјавил дека верува оти руските разузнавачи го отруле со нервниот агенс Новичок затоа што властите го сметаат за голема закана пред парламентарните избори следната година.

„Тие сфатија дека се соочуваат со големи, големи проблеми пред изборите за Државната дума“, изјавил Навални во интервјуто на ЈуТјуб со руски блогер, што воедно е негово прво видео појавување откако бил пуштен од болница во Берлин.

Отворениот критичар на претседателот Владимир Путин излегол од кома на почетокот на септември по авионската несреќа во Сибир на 20 август.

Германските лекари сметаат дека Навални бил отруен со нервниот агенс, иако  Кремљ ги отфрли сите инсинуации дека Путин или руските власти се одговорни за состојбата на Навални.

Навални рече дека не знае како нервниот агенс Новичок се појавил во неговиот организам, но дека најверојатно влегол преку кожата, мислејќи дека допрел нешто. Тој исто така истакнал дека неговото закрепнување може да трае уште два месеци.

Рускиот опозиционер изјавил дека моментално е на физикална терапија, но дека неговото здравје значително се подобрило и дека лекарите биле изненадени од брзината на закрепнувањето.

Парламентарните избори во Русија треба да се одржат во септември 2021 година, иако некои медиуми сугерираат дека тие можат да бидат одложени за следната пролет.

Слични содржини