Навални денеска на суд, ги тужи затворските власти

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот опозиционер Алексеј Навални се појави на рочиште денес преку видео врска, бидејќи ги тужеше пред судот затворските власти за незаконско ограничување на испораката на книги по негов избор и цензурирање на весниците кои ги чита.

Затворската установа изјави пред судот дека ги спроведува сите постапки во согласност со рускиот закон, пренесува „Ројтерс“.

Навални во април изјави дека го тужел затворот затоа што не го добил Куранот што го побарал на почетокот на постот на Рамазан.

Рускиот опозиционер рече дека не добил пристап до ниту една книга што ја донел или нарачал во изминатите месеци во затвор, затоа што сите треба да бидат прегледани за екстремизам, за што затворските власти рекоа дека им е потребно три месеци.

Во февруари, судот во Москва го осуди Навални на две и пол години затвор под обвинение за кршење на условната казна за време на опоравување од труење во Германија, за што тој ги обвинува руските власти.

Слични содржини