Навални се пошегува за поларните услови во затворот каде што беше преместен

од Vladimir Zorba

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска понуди иронична пофалба за поларните услови во затворот северно од Арктичкиот круг, каде што беше преместен непосредно пред Божиќ.

Тој е сместен во затворската колонија ИК-3 во Харп, во сибирскиот регион Јамал-Ненец, на околу 1.900 километри североисточно од Москва, наведува Ројтерс.

Во објава на платформата Телеграм, Навални рече дека бил ставен во затворска ќелија поради лошо однесување штом го напуштил карантинот во таканаречената затворска колонија „Поларен волк“.

„Сè уште не беше постудено од минус 32 степени. Ништо не оживува како прошетката по Јамал во 6:30 наутро“, рече Навални во зајадлива објава.

Тој објави и слика од дворот во кој се шета, каде што се гледа бетонски ѕид со метални решетки одозгора. Навални ја спомна сцената во филмот „Повратникот“ од 2015 година во која Леонардо ди Каприо се крие во труп на коњ, пренесе Ројтерс.

„Мислам дека тука нема да функционира. Мртвиот коњ би замрзнал за 15 минути. Овде ни треба топол, пржен слон“, додал Навални.

Слични содржини