НБА ги враќа навивачите, но со ригорозни мерки

од Vladimir Zorba

НБА работи на враќање на навивачите во салите во новата сезона, која започнува на 22 декември.

Тоа ќе се случи, но со одреден протокол.

Лигата испрати план и програма до сите тимови.

Фановите кои сакаат да присуствуваат на натпреварите мораат да достават негативен тест за коронавирус два дена пред натпреварот.

Исто така, постои опција навивачите да бидат тестирани на денот на натпреварот.

Сите на трибините ќе мора да носат маски, освен деца до две години.

Ќе има социјално дистанцирање на трибините, а покрај негативниот тест за коронавирус, на навивачите ќе им се измери и телесната температура при влегувањето во салата.

Храна и пијалоци ќе бидат дозволени на натпревари, но мора да бидат на 10 метри од подот.

Екипите имаат можност да инсталираат плексиглас заштитна бариера зад клупата.

Сезоната започнува на 22-ри декември.

Слични содржини