Не е само Абрамович во проблеми: Британците воведоа санкции за директорот на Челзи

од Nikola Popovski

Се нижат проблмите за англискиот гигант.

Британската влада објави дека воведе санкции за директорот на фудбалскиот клуб Челзи, Јуџин Тененбаум, како одговор на рускиот напад врз Украина, пренесува Ројтерс.

На Тененбаум, руско-канадски државјанин, ќе му биде замрзнат имотот, а секој брод или авион што го поседува може да биде запленет доколку влезе во Британија, дури и ако изнајмил само транспортно возило.

Британија го санкционираше и Давид Давидович, соработник на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, па и неговиот имот ќе биде конфискуван.

Лондон за двајцата вели дека се санкционирани поради нивните блиски врски со Абрамович, кој веќе е на листата на санкции во Велика Британија.

Слични содржини