Не треба и не смее да има медиумски простор за криминалци

од Vladimir Zorba

Јутуб „инфлуенсерот“ Стефан Лазаров пред две недели направи интервју со контроверзниот српски криминалец, Кристијан Голубовиќ, од кого бараше во детали да му ги раскаже кривичните дела кои ги направил – како се пресметувал со „најлошите Албанци“ во и вон затворот, која е разликата меѓу криминалците во 90-тите и денешните криминалци…

Лазаров стана актуелен откако доби кривична пријава за ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку содржините на неговиот Јутуб канал, односно кога неговиот гостин Латас „лабаво си раскажуваше“ како тој и неговите другари на 15 годишна возраст групно силувале девојка во „Фичо“, откако првин едниот од нив ја натепал. За тоа време, јутуберот Лазаров хистерично се смееше.

Граѓаните, особено најмладите, имаа прилика да слушнат и да се восхитуваат на „херојството“ на Голубовиќ, за неговото учество во војната во 2001 година во Македонија во, како што ја нарекува „специјална операција против терористите на УЧК“, за начинот на извршување на неговите (зло)дела, за тоа дека првото кривично дело го извршил на само 13 години кога со нож избодел некој возрасен маж со повеќе убоди. Раскажува и дека со чекан „отворил“ нечија глава и пукал во луѓе, ликвидирал „ш*****и“ ама дека „не се сеќава“ на тоа, секако, за да избегне судски прогон.

„Со оглед на тоа кого го ‘работев’ не жалам. Еднаш влегов во еден стан, таму спиеја четири лица… станот го обив со бајонет. Тоа стои во архивите на германската полиција. Таму затекнав четири лица кои претходната вечер пукаа на мене и мојот татко. Јас на еден му дојдов и му ја разнесов ногата со пушка. Него едната нога му отпадна, потоа земав чекан и го удирав по главата, рацете и телото“, вели тој.

Целата колумна на следниот линк!

Слични содржини