Не верувам дека ќе имаме карантин, но тоа зависи од сите нас, вели Заев

од Vladimir Zorba

Претседателот на Владата, Зоран Заев во вечерашното интервју на НТВ1 каде одговара на прашањата на уредници од повеќе медиуми вели дека е исклучително важно сите да ги почитуваат мерките и препораките на здравствената комисија.

– Доаѓа сезона на грип, потешко време од летото, треба да не подготви да бидеме спремни и да ги почитуваме мерките. Не верувам дека ќе имаме карантин, но тоа зависи од сите нас. Маските на лице не штитат да имаме нормален живот. Дома кога сме затворени тоа може да претставува проблем. Тоа го знае и Комисијата за здравствени болести. Знаеме сите да се опуштиме и треба тоа да го избегнуваме во секој момент. Се работи за нашето здравје и се работи за здравјето на нашите блиски, на нашите блиски повозрасни, болни, баби, дедовци. Да ги почитуваме експертите и професионалците, вели тој.

Заев додаде дека целиот процес на справување со коронавирусот којшто се одвива во нашата земја е транспарентен, целосно отворен, со сите сугестии и го држи просекот од целиот регион или од тоа што се случува во Европа и во светот.

– Ниту сме нешто повеќе, ниту сме нешто помалку во делот на успесите или неуспесите во справувањето со Ковид кризата. Верувам дека во иднина само транспарентноста и почитувањето на стручните луѓе ќе дава резултати. Треба да водите грижа кога бараме помош од надвор дали дома имате неискористени капацитети. Имаме ние професионални лекари, сите се ставаат на располагање. Јас им симнувам капа, огромна благодарност за нивната посветеност, рече Заев.

Слични содржини