„Не знаеме колку луѓе умираат“: Руски лекар ги наброи најопасните лекови за срцето

од Nikola Popovski

Рускиот лекар и водител Александар Мјасников ги наброја лековите кои се најштетни за срцето – според него, лековите за хемотерапија се на прво место, а таа нуспојава е речиси неизбежна кога пациентот се лекува од рак. Сепак, штетни се и некои од најчестите лекови кои во аптеките се купуваат без рецепт.

Според Мјасников, најосновните лекови кои се користат во борбата против ракот имаат директно кардиотоксично дејство. Затоа, состојбата на пациентите со онкологија за време на хемотерапијата обично ја следи кардиолог, бидејќи негативен ефект врз срцето се забележува во речиси 70% од случаите.

Лекарот предупредува и дека нестероидните антиинфламаторни лекови, како што се ибупрофен, диклофенак и индометацин, исто така можат да му наштетат на срцето доколку се користат неправилно. Тие можат да предизвикаат висок крвен притисок и да доведат до срцев удар. Во случај на срцева слабост, овие лекови се директно контраиндицирани.

„Затоа не смеат да се даваат на срцеви болни и постари лица или ако се даваат, тогаш тоа мора да биде со голема претпазливост и под надзор на лекар“, објаснува Мјасников.

Како што истакнува, нестероидните антиинфламаторни лекови се најопасни за срцето од се што може да се купи без рецепт.

„Не знаеме колку луѓе умираат“, вели докторот.

Покрај нив, според него, антибиотиците можат да предизвикаат аритмија и да имаат многу несакани ефекти на други органи.

Исто така, долготрајната употреба на лекови против горушица ја нарушува апсорпцијата на магнезиум, што исто така доведува до намалување на нивото на калциум и калиум. Затоа се зголемува ризикот од анемија и срцев удар, предупредува лекарот од Москва.

Мјасников, исто така, ги вклучи диуретиците, лаксативите и бета блокаторите на листата на потенцијално опасни лекови за срцето.

Слични содржини