Небојша скокнал во река за да го спаси своето куче (ВИДЕО)

од Milan1

Небојша Велимировиќ од градот Бечај во Србија за да го својот миленик Снупи се фрлил во ледената река Тиса.
Небојша се шетал со својата девојка, пријателите и неговото куче Снупи на кејот во Бечај.

Снупи истрчал кон лебедите во реката, мразот не бил доволно силен за да ја издржи неговата тежината и тоа почнало да се дави во реката.

Небојша, инаку ватерполист, се соблекол и скокнал во Тиса и не размислувајќи за својот живот и допливал кон својот миленик. Успеал да го фати и да излезе на брегот со преплашено животно кое од страв го изгребало.

Слични содржини