Неделков за покачувањето од 10%: Утре ќе ја анализираме одлуката

од Nikola Popovski

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков очекува Синдикатот да ги добие денешните заклучоци на Владата. а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта.

-Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува, објави Неделков попладнево.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Со заклучоците по оваа точка Владата го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10%.

Слични содржини