„Негувајте го вашиот јазик и вашата култура“: Британскиот амбасадор го положи испитот за македонски јазик

од Берта Китинска

Новиот амбасадор на Обединетото кралство во Македонија, Метју Лосон на социјалната мрежа „Твитер“, објави дека положил испит по македонски јазик.

Имено, тој соопшти дека добил сертификат за ниво Ц1, и тоа на неполни три месеци од добивањето на неговата нова функција како амбасадор на Велика Британија во земјава. Тој во видеото објавено на „Твитер“ испрати порака до македонскиот народ.

-Одличен почеток на неделата со сертификат за положен испит по македонски јазик. Ми претставува чест и задоволство што го учам овој прекрасен јазик. Негувајте го вашиот јазик и вашата култура – рече Лосон.

Слични содржини