Нејзината работа била да гледа извршување на смртни казни: После 300 убиства открива како е да се биде сведок на хоророт…

од desk2

Во Тексас се убиени многу повеќе луѓе од било која друга американска сојузна држава, а една поранешна државна службеничка била сведок на над 300 „егзекуции“.

Мишел Лајонс гледала извршување на смртни казни во Тексас цели 12 години. Ги слушала последните зборови на осудениците, ги пренесувала нивните последни пораки и била задолжена за разговор со семејствата на жртвите.

Од 2002-ра до 2012-та година била сведок на над 300 егзекуции на жени и мажи, чии што насилни животи биле завршени со две игли во вените. Првото погубување го гледала на само 22 години, по што во својот дневник запишала: „Тоа ми беше сосема во ред. Дали треба да бидам вознемирена?“.

„Сведочењето на убиствата беше само дел од мојата работа. Ја поддржував смртната казна и сметав дека е најсоодветна за одредени злосторства. И затоа што бев млада, се ми беше црно и бело. Да сум размислувала за тоа како се чувствувам, како се враќав во таа соба одново и одново“, пишува Мишел во нејзините мемоари насловени како „Низа на смртта“.

„Сепак, гледањето на последните моменти од нечиј живот, кога душата им го напушта телото, никогаш не станува нормално или секојдневно“, изјави Лајонс.

Постапката ја опишува како да гледала некој кој што заминува на спиење, а тоа било големо разочарување за некои од роднините и пријателите на нивние жртви кои што очекувале електрична столица.

Нејзината работа вклучувала и пренесување на очајничките молби за простување, извинувањата, неверојатните тврдења за невиност, цитати од рок песни, па и повремени шеги. Како што вели, ретко кога некој од осудениците бил лут и само еднаш слушнала како осуденик плаче. Открива дека ги слушала нивните последни вдишувања или движења додека хемикалиите си ја вршеле својата работа. Кога ќе починеле, ги гледала како стануваат модри.

Дури кога станала бремена во 2004-та година, нејзината маска паднала и повеќе не било исто.

„Почнав да стравувам моето бебе да не ги слушне последните зборови на затворениците, нивните извинувања и каења. Потоа јас имав бебе дома за кое што се би сторила, а тие жени ги гледале своите бебиња како умираат. Слушав мајки како чукаат на стаклото, врескаат, удираат. Стоев и мислев – Нема победници, сите се зезнати. Егзекуциите се само тажни ситуации, а јас ја гледав таа тага одново и одново“, раскажува Лајонс.

Уште седум години поминала на истото работно место и како што вели, денес кога повеќе не е во затвор, повеќе размислува за егзекуциите, од времето кога ја извршувала таа работа.

„Ќе отворам чипс и ќе се сетам на мирисот на коморите. Ќе слушнам нешто на радио и ќе се сетев на разговорите со некој затвореник“, раскажува Мишел.

Слични содржини