Неколку монструозни торнада опустошија мал град во Тексас (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку три лица загинаа, а меѓу 75 и 100 се повредени кога неколку торнада го зафатија Перитон во американската држава Тексас. Две лица се сметаат за исчезнати, извести полицијата.

Едно лице загина во мобилна куќарка која била директно погодена од виорот. Шефот на пожарникарите во Перитон, Пол Дачер, вели дека најмалку 30 мобилни куќи во соседството биле уништени или оштетени.

Нешто по 17 часот, во Перитон биле пријавени три торнада.

Локалната болница останала без струја, па не можел да се утврди точниот број на повредени.

Слични содржини