Нема притвор за Груевски, само одземен пасош!

од Vladimir Zorba

Барањата за притвор одбиени-Одземени пасошите на Груевски, Јанакиески и Јанкулоска

 
Кривичниот суд ги одби и последните пет барања на СЈО за притвор за лидерот на опозицијата Никола Груевски, екс министрите Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протугер и Кирил Божиновски, сите обвинети во предметот „Титаник“. Наместо тоа определени им се мерки на претпазливост.
 „Предлогот за определување мерка притвор против обвинетите се одбива како неоснован, а по повод предлогот по службена должност им се определуваат мерки за претпазливост – Обврска обвинетиот да се јавува кај надлежно службено лице во суд еднаш неделно, привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова и приврмено одземање на дипломатска патна исправа“, се наведува во соопштението на судот објавено доцна попладнево.
До сега Кривичниот суд ги одби сите барања за притвор поднесени од Специјалното јавно обвинителство односно. СЈО бараше најстрога мерка за обезбедување присуство за 18 лица. Наместо тоа, Судот на поголем дел од обвинетите им ги одзеде пасошите. Без пасош остана поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Неговиот пасош е во Судот а има и забрана за издавање нов. Мијалков исто така ќе мора да се се јавува кај службено лице во Кривичен еднаш неделно. Без пасош остана и  поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска обвинета во случајот „Тендери“, екс вицепремиерот Владимир Пешевски опфатен во предметот „Траекторија“, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски обвинет за уривањето на објектот „Космос“.
Без пасоши останаа и новинарите Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска двајцата обвинети за даночно затајување во случаите „Тотал“, односно „Тифани“. И тие треба да се јавуваат во судот еднаш неделно, обврска која ја направија денеска.
Во Кривичен беше и градоначалникот на Гази Баба Трајковски и Исмет Гури, обвинет во предметот „Титаник“.
Од судот велат дека сите одлуки биле донесени во законскиот рок а ги поучуваат странките дека имаат право на жалба до Апелациониот суд.

Слични содржини