Нема здрава и урамнотежена исхрана без млеко и млечни производи, а еве и зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Не постои само еден начин на исхрана поврзан со добро здравје. Можеме да го прилагодиме на нашите лични, културни или здравствени преференции, притоа задржувајќи ги сите компоненти важни за здравјето, меѓу кои млекото и млечните производи играат важна улога.

Голем број научници од областа на исхраната се согласија дека нутритивните потреби на општото население, особено на децата, вклучуваат дневно внесување млеко и млечни производи, а препораките за урамнотежена исхрана која вклучува млеко доаѓаат од Светската здравствена организација и многу други институции кои се занимаваат со оваа тема и даваат препораки засновани врз научни факти и темелно истражување.

Млекото е најпотполната намирница, скоро целосна, бидејќи ги содржи сите хранливи материи и заштитни состојки: протеини, масти, јаглехидрати, минерали и витамини. Нутритивната и заштитната вредност на млекото и млечните производи се состои во неговата содржина на протеини со полна биолошка вредност, во богатството на калциум, во витамините А, Д и Б комплекс.

Покрај витамини, присуството на минерали во млекото, како што се калциум, фосфор и цинк, е многу важно. Оптималниот однос на калциум и фосфор во млекото го прави најдобриот извор на овие минерали што телото може да го користи во висок процент. Ниту една друга намирница, дури и со поголема содржина на калциум, не му дава на организмот полесно и повеќе од овој минерал од млекото. Калциумот е неопходен за осификација на коските и формирање на заби заедно со витаминот Д. Оттука, млекото и млечните производи, како носители на овој важен градежен материјал, се неопходни за раст и развој на децата, спречување на спонтани фрактури на коските кај постарата популација и за брзо и правилно заздравување на коските по фрактура.

Постојат различни ставови, но еден е заеднички на сите – урамнотежената, разновидна и здрава исхрана е упориште на добро здравје, а потоа и добра одбрана на нашето тело. Во моментите кога нашиот организам е на голем тест дали може да се одбрани од сите надворешни фактори на кои сме изложени, најважно е да не му отежнуваме уште повеќе со тоа што ќе му одземеме намирници кои му помагаат, како што се млекото и млечните производи.

Слични содржини