1,1K
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ вчера се венчаа во манастирот Ражиновац недалеку од Белград.
Пејачката и фудбалерот го кажаа судбоносното „да“ во тајност, во кругот на нивните најблиски пријатели.
Анастасија блесна во необична бела венчаница на едно рамо која има големи карнери на краевите.
Пејачката за оваа пригода избра елегантен стајлинг кој го заокружи со пунџа, а фустанот кој го носеше беше од брендот „Ланвин“. Таа за оваа креација издвоила околу 4.000 евра.
Немања Гудељ избра бурми од луксузниот бренд „Bvlgari“. На официјалната страна на овој бренд пишува дека еден прстен чини 1.330 фунти, односно 1.557 евра, а за два венчални прстени фудбалерот потрошил 3.114 евра, пренесува „Телеграф“.