Ненси Пелоси пристигна во посета на Ерменија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, пристигна во Ерменија во посета која ќе трае до 19 септември, јави денеска новинската агенција „Арменпрес“.

За време на посетата, Пелоси ќе се сретне со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, со претседателот на Националното собрание Ален Симонјан и со други високи претставници, пренесе ТАСС.

Тие ќе разговараат за ерменско-американските односи и актуелната безбедносна ситуација, соопшти американската амбасада во Ерменија.

Слични содржини