Необичен потфат: Пристигнуваат Барби кукли со кожни недостатоци

Од компанијата Барби пристигнуваат нови, многу позитивни промени.

Како што пренесува InStyle, брендот се одлучил да ја прошири својата понуда на кукли со нови кои имаат кожни недостатоци како витилиго.

Брендот соработувал со дерматолози со цел веродостојно да го прикажат витилигото на Барбиките, со цел децата кои ја имаат оваа болест да можат да се поистоветат со оваа позната кукла.

Освен куклата со витилиго, Барби Фешонистас линијата вклучува и кукли без коса. Имено, брендот пред неколку години наиде на остри критики од купувачите поради нереалното прикажување на куклите, па во 2016 година се одлучиле да започнат со големи промени па така во својот асортиман вклучиле кукли во инвалидски колички и кукли со природни локни.

Слични содржини