НЕРЕДИ ВО ХОЛАНДИЈА ВТОР ДЕН ПО РЕД: Судири со полицијата, водени топови во Ротердам! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Во неколку градови во Холандија, синоќа, втор ден по ред избувнаа немирите меѓу полицијата и демонстрантите, бидејќи викендот во земјата воведе полициски час во борбата против заштитата од коронавирус.

По новите немири полицијата уапси најмалку 70 лица. Полицијата во опрема за растурање на протести, употреби водени топови против група демонстранти во Ротердам.

Немири избувнаа и во мал град на југот на земјата, недалеку од Мастрихт, објавија холандските медиуми.

Судирите со полицијата избија во неделата вечерта, особено во Амстердам и Ајндховен.

Најмногу настрада градот Ајндховен, каде полицијата се судри со стотици демонстранти во неделата, кои запалија едно возило, фрлајќи камења и пиротехнички средства кон полицијата и кршејќи прозорци и ограбувајќи супермаркет на железничка станица.

Слични содржини