Нетанјаху го отфрли повикот на Макрон за прекин на огнот во Газа

од Radmila Tasevska

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за прекин на огнот во Појасот Газа.

Во синоќешното интервју за Би-Би-Си, Макрон побара од Израел да престане со бомбардирање и убивање цивили на палестинска територија.

„Хамас сноси „одговорност за каква било штета нанесена врз цивилите“, одговори Нетанјаху.

Тој потсети дека палестинското исламистичко движење ја започна војната, убивајќи луѓе во Израел на 7 октомври и го обвини дека користи цивили како „човечки штит“.

Слични содржини