Нетанјаху се сретна со аргентинскиот претседател Милеи, кого го нарече „голем пријател“

од Radmila Tasevska

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи денеска во Ерусалим се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА.

Нетанјаху „му се заблагодари на претседателот за неговата одлука да го прогласи Хамас за терористичка организација и за неговата силна поддршка за правото на Израел на самоодбрана“, се наведува во соопштението од неговата канцеларија.

Освен тоа, израелскиот премиер го нарече Милеи „голем пријател на државата Израел“ и ја поздрави неговата намера да ја пресели Аргентинската амбасада од Тел Авив во Ерусалим.

Милеи вчера се сретна со претседателот на Израел, Јицак Херцог, во рамки на неговата прва посета преку граница за билатерални разговори. Шефот на јужноамериканската држава го посети Ѕидот на плачот и Меморијалниот комплекс и Институтот за изучување на холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим.

Слични содржини