„Нетфликс“ го менува начинот на кој прикажува реклами, воведува награди за „binge-watching“

од Vladimir Zorba

Ако уживате да гледате серии на „Нетфликс“ како октомвриските хитови на „Бекам“ и „Падот на куќата Ашер“ со претплата поддржана од реклами, еве неколку добри вести.

Од 2024 година, таа интернет видео платформа ќе се префрли на различен ритам на сервисирање реклами.

По гледањето на три последователни епизоди (binge-watching), четвртата епизода ќе можете да ја гледате без прекин во форма на економско-пропагандна програма.

Најавата доаѓа една година откако „Нетфликс“ првпат воведе план за гледање поддржан од реклами, кој остана на 6,99 долари месечно, дури и кога другите претплати се зголемија.

Тоа не е единствената новина. Воведени се и нови формати на реклами. Досега траеја 15 и 30 секунди, отсега ќе пристигнуваат за 10, 20 и 60 секунди.

Исто така, до крајот на оваа недела, претплатниците на рекламниот план ќе забележат зголемување на квалитетот на видеото од 720p на 1080p.

Ќе има можност да поддржува два симултани стрима, како и да се превземаат серии и филмови.

Слични содржини