Неверојатен случај: Жена од Мали роди девет деца (фото)

од Nikola Popovski

Жена од Мали родила девет бебиња, две повеќе отколку што откриле лекарите во нејзината матка, објави Министерството за здравство на таа земја.

Како што покажал ултразвукот направен во Мароко и Мали, Халима Цизе (25) се очекувала да роди седум бебиња, но докторите промашиле за две бебиња, пренесуваат странските медиуми.

Според Министерството за здравство на Мали, бременоста на Халима Цизе ја воодушеви западноафриканската земја и го привлече вниманието на нејзините лидери. Кога лекарите во март рекле дека и е потребна специјалистичка нега, привремениот лидер на земјата, Бах Ндав, наредил да ја испратат во Мароко, каде родила пет девојчиња и четири момчиња.

„Мајката и бебињата се добро досега“, изјавила министерката за здравство на Мали, Фанта Сиби за агенцијата Франс Прес, пренесува Гардијан.

„Таа ќе се врати дома за неколку недели“, додала министерката.

Сепак, портпаролот на мароканското Министерство за здравство, Рахид Кудхари изјави дека не знае за вакво повеќекратно породување што се случило во една од болниците во земјата.

Според извештаите на локалниот печат, лекарите биле загрижени за здравјето на мајката, како и шансите нејзините бебиња да преживеат.

Случаи на жени кои успешно носат таква бременост се многу ретки.

 

Слични содржини