Неверојатни сцени во Барселона, наплив од 30.000 германски навивачи (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Големо изненадување направија фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт на гостувањето во Барселона. Иако веќе на домашен меч покажаа дека имаат рецепт за „Блауграна“, резултатот 1:1 не им даде реални шанси.

Но, тие веруваа во себе, а веруваа и нивните најверни навивачи кои за денеска приредија неверојатна турнеја, особено кога не се работи за репрезентацијата.

Во средината на работната недела 30.000 Германци отпатуваа во Барселона за да го бодрат својот клуб. Тешко е да се опишат сцените од улиците на еден од најубавите европски градови.

За среќа, во денешно време се е снимено за да видиме како изгледаше „опсадата“ на Барселона.

Сите овие навивачи се најдоа на стадионот, а многумина се прашуваат како им успеа. Одговорот е всушност многу едноставен. Тие го искористија тоа што следбениците на Барселона не се многу заинтересирани за второто најсилно европско натпреварување, па доволен број влезници останаа слободни.

Така стадионот беше пристојно исполнет и откако домашните навивачи го напуштија, тие на Ајнтрахти останаа да слават.

Слични содржини