Никол Шерцингер во бикини среде пустина, обожавателите воодушевени (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Популарната членка на музичката група Pussycat Dolls , 42-годишната Никол Шерцингер, редовно објавува фотографии од завидната фигура на Инстаграм, а последната во низа предизвика бројни реакции, и тоа само позитивни.

Никол позираше во мексиканската пустина во бикини во кое се појавија нејзините облини и врвната форма и ги оставија без здив скоро пет милиони фанови. Она што дополнително ги маѓепса е нејзиното лице без трошка шминка и природна убавина.

Пејачката неодамна се јави и од одморот што го помина на Хаваите, заедно со своето момче Том Еванс, а по пат го посети и своето семејство кое живее таму.

Слични содржини