Денеска Никола Груевски треба да го врати мандатот на претседателот Иванов. ДУИ го пуштија низ вода.

Владејачката партија во Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски соопшти дека не е постигнат договор за формирање на нова влада со досегашниот коалициски партнер – Демократската унија за интнеграција / ДУИ / на Али Ахмети. На полноќ истече 20-дневниот период во кој Груевски требаше да му соопшти на претседателот Ѓорге Иванов дали успеал да ја добие потребната поддршка од 61 пратеник за формирање на нова влада. Тоа не му успеа. И покрај тајните преговори со Али Ахмети ДУИ го пуштија низ вода Никола Груевски и не прифатија повторно коалиција со ВМРОДПМНЕ. НЕма образложение за тоа. Дали се се должи на отпорот во партијата, дали други притисоци, регионалниот геополитички конескт…има многу реални објаснувања но АХмети синоќа не ги кажа и веројатно се дебатирале внатре зад затворените врати во седиштето во Мала Речица.Како и да е Никола Груевски не доби поддршка од ДУИ.
Веднаш по оваа информација следуваше контра одговор од седиштето на ВМРО ДПМНЕ
“ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите смета дека формирањето влада треба да има за цел завршување на политичката криза, а не нејзино продлабочување. Спроведувањето на нови избори е зрело решение за излез од кризата и спроведување на неопходните реформи”, се вели во пораката од седиштето на Груевски. Според ВМРО-ДПМНЕ “секое друго решение ќе доведе до нови конфликти во и без тоа поделеното општество …
жОчигледно некој сака да ја игнорира волјата на мнозинството на граѓаните и да постигне Македонија во друга фаза од нејзиниот развој.
ВМРО-ДПМНЕ ги задржува принципиелните ставови по стратешките прашања “, пишува во документот.
Непосредно пред објавувањето на оваа порака портпаролот на ДУИ, Бујар Османи соопшти дека партијата нема донесено одлука по ниту еден од петте варијанти за кои дискутираче претседателството во последните денови – коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, широка коалиција, а или пак организирање на нови избори.
“ДУИ започна сеопфатен процес на консултации со партиските членови, со пријателите на меѓународната сцена, и кај нас се одвива сеопфатна дискусија за сите достапни предлозите”, рече уште Бујар Осана. “За нас не е важна политичката судбина на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, важен е само договорот со Албанците нашата партија ДУИ и државата “, рече уште Османи.
– Немаше аргументи да одбереме, односно да преферираме која и да е од петте опции. Наредните денови ќе продололжиме – рече Османи.
Тој одби да каже која била кочницата за да не биде донесена одлука за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, но не негираше дека уште е на маса коалицирањето со оваа партија.
На прашањето, како е сè уште во опција коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска мора да го врати мандатот за состав на нова влада, Османи рече дека им остава на новинарите сами да ја интерпетираат неговата изјава.
Османи нагласи дека од денеска ДУИ продолжува да води разговори со политичките партии за состав на нова влада.
Но она што е кристално јасно е дека до последниот рок, ноќеска , Груевски како мандатар, не успеа да состави нова влада.
И ако ДУИ молчи со кого ке оди натаму тогаш тоа НЕ за ВМРО ДПМНЕ , воопшто не знaчи ДА за Зоран Заев и СДСМ, единствено е потврда дека Никола Груевски дефинитвно нема парламенрарно мнозинство . Тој сега треба да го врати мандатот до претседателот на државата. И до тука се е чисто и јасно.
Кој ќе го добие следниот мандат
Е тука веќе се е слободна интерпретација, онака по балканско толкување на законите, кому како му одоговра и кој како сака. Нормално во право е секогаш тој што има можност да носи одлуки, а тоа е во случајов според Уставот е само претеседателот на државата.
Уставот предвидува да се даде на тој што може да обезбеди парламенрано мнозинство, во случајов ако екс премиерот и лидер на владеачкатата ВМРО ДПМНЕ Никола Гриевски се виде дека не може, па мандатот треба да го добие следниот кој има само два пратеника помалку, а тоа е лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Уставотворците имаат, нормално, спротивставени позиции во зависност од личната перцеппција и провиненција.
Ова беше очекувана состојба и се подготвуваше медиумски терен и пропаганда за публиката спремно да ја дочека.
Главното од провладините експерти се слободни интерпретации и на Уставот, и на законите и на тоа кој би бил следниот мандатар за формирање нова влада.
Универзитетскиот професор Тања Каракамишева, која стандардно ги брани владините политики, се повикува на член 90 од Уставот на РМ и вели дека нејзиното толкување е дека не смее на друга партија да се додели мандатот, туку само на ВМРО ДПМНЕ, иако ете нема парламентарно мнозинство, и така да се дава се додека не направи Влада . Таа уште додава дека сè останато е слободно и субјективно толкување.
-Секоја споредба со кое било друго законодавство е нерелеванта околност, има многу различни примери од различни држави каде е прецизно формулирано како што се Словеија, Хрватска, Бугарија,Еестонија и други, но во нашиот Устав тоа не е прецизно определено поради што треба да се држиме до победникот, а ако биде спротивно, тогаш тоа е според неа проивуставно и треба да се активира Уставниот суд.
Македнија веќе имаше пракса уште во 1992 година кога исто така , имаше иста ситуација и не можеше да се обезбеди мнозинство па мандатот беше предаден , и на тој начин беше формирана влада. Различно е само што тогаш претседател беше Киро Глигоров, а сега е Ѓорѓе Иванов.
Втората варијанта е Иванов мандатот да му го додели повторно на ВМРО ДПМНЕ ама сега на друг мандатар. Тука се спомнува министерот Никола Поповски кој не е е на листата на СЈО и би бил прифатлива комбинација и за ДУИ и за странците. Помалото зло. Има и други комбинации и варијанти , но она што е сигурно е дека нема решенија за излез од политичката криза барем засега .
За парламентарно мнозинство се потребни 61 пратеник На предвремените парламентарни избори на 11-ти декември минатата година ВМРО-ДПМНЕ доби најмногу гласови., или само два повеќе од СДСМ.
Во 120-члениот македонски парламент партијата на Груевски има 51 мандати. Социјалдемократскиот сојуз / СДСМ / на Зоран Заев – 49, Демократската унија за интеграција / ДУИ / на Али Ахмети – 10, Движењето “Беса” на Билал Касим – 5, Албанскиот сојуз на Зијадин Села – 3 и Демократската партија на Албанците / ДПА / на Мендух Тачи – двајца пратеници.